СДСМ: Граѓаните заслужуваат вистински претседател кој ќе ги штити интересите на државата

Од:

Изборот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е само фарса, Мицкоски сам ќе си го бира својот фаворит, стои во соопштението на СДСМ.

„Кој и да е кандидатот на Мицкоски, што со него ќе застане против НАТО и ЕУ, против иднината на Македонија, го чека пораз на претседателските избори.

Македонија утре седнува на своето столче во НАТО, тоа е голем успех за граѓаните и силен пораз за пионот Мицкоски, за неговите деструкции и за неговите антизападни шефови.

Граѓаните одбраа иднина во ЕУ и НАТО и нема да дозволат нов Иванов или Груевски да ги вратат во темното минато“, се вели во соопштението на СДСМ.

Од партијата додаваат дека граѓаните заслужуваат вистински претседател кој ќе ги штити интересите на државата, на граѓаните и ќе работи за напредок и иднина во НАТО и ЕУ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија