СДСМ: Граѓаните секојдневно се гушат, ВМРО-ДПМНЕ не може го реши проблемот со загадувањето

Од:

„Граѓаните на Македонија секојдневно дишат отров наместо чист воздух, што предизвикува штетни последици по нивното здравје.

Мерните станици континуирано, со денови и недели покажуваат огромна загаденост на воздухот во Македонија, како во вечерните така и во утринските часови.

Загадување 24 и 25 јануари 2016 година_Page_1

Според официјалните податоци од мерните станици загадувањето на воздухот во Битолаизнесува фрапантни 13 пати над дозволеното, додека во Тетово речиси 11 пати над дозволената граница.

Во Скопје загаденоста на воздухот со ПМ10 честичките изнесува 6 пати над дозволената граница.

Загадување 24 и 25 јануари 2016 година_Page_2

Недозволиво, неодговорно и срамно е да се игнорира вака значајна тема директно поврзана со здравјето на граѓаните.

Загадувањето е последица на погрешните политики на Никола Груевски којшто мислеше само на провизиите од тендерите, парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра и богатењето на фамилијата.

Загадување 24 и 25 јануари 2016 година_Page_3

Фамилијарно-тендерските „политики“ на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го уништуваат здравјето на граѓаните.

Затоа заврши времето на Никола Груевски. И затоа завршува времето на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на СДСМ.

Загадување 24 и 25 јануари 2016 година_Page_4

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски