СДСМ: Граѓаните се против дрското и криминално владеење на Груевски

Од:

СДСМ реагира на денешниот говор на премиер Никола Груевски, на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово.

Никола Груевски, велат, е уплашен од будењето на граѓаните и силната поддршка за вистината. Дури и обраќањата пред сопственото членство, принудено да дојде и да го слуша, ги завршува со повици за кревање глава.

Македонија, смета СДСМ, одамна крена глава, и тоа, велат, најмногу го плаши овој човек, целосно изгубен, потонат во сопствените лошотии, разоткриен е.

„Граѓаните го видоа и многу добро го препознаваат ова мрачно, нечесно лице на вистинскиот Никола Груевски и застанаа против неговото дрско, криминално и коруптивно владеење.

Нема поголемо велепредавство на сопствениот народ, од тоа со години да го лажеш, да го манипулираш, да го притискаш, да го третираш како „човече“.

Нема поголемо предавство за сопствената држава од тоа на граѓаните да им ја одземеш слободата и правото за правдина.

Нема поголемо предавство од тоа да ја злоупотребиш власта, и, додека народот едвај преживува ти да приграбуваш богатство.

Од милионските провизии до парцелите на Водно, нема крај на листата на криминалот и корупцијата на овој човек во заминување“, стои во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар