СДСМ: Граѓаните се клучни во борбата против коронавирусот

Од:

„Рекордните бројки на инфицирани со коронавирусот во земјата бараат дисциплина од сите граѓани, доследно и строго почитување на мерките за заштита и ковид протоколите.

Мора да бидеме солидарни, во борбата против невидливиот, смртоносен непријател, кој им се заканува на сите, а најдобро и најефикасно оружје е носење заштитна маска, шал или марама, држење дистанца и редовна дезинфекција и миење на рацете.

Граѓаните се клучни во борбата против коронавирусот, ако сите ги почитуваме мерките за заштита ќе го зауздаме растот на новоинфицирани, ќе го спречиме ширењето на вирусот“, велат од СДСМ.

„Почитувањето на мерките ќе ги намали притисокот врз здравствениот систем и врз лекарите, медицинските сестри и помошниот здравствен персонал, кои седум месеци пожртвувано ги лекуваат заболените, ќе го намали ризикот од преполнување на болниците.

Мерките предложени од Комисијата за заразни болести, кои ќе стапат на сила по законските измени предвидуваат да се носи маска, марама или шал и на отворено, да нема групирање на повеќе од 4 лица на отворено после 22 часот и во домовите да биде дозволено присуство од најмногу четворица гости, покрај членовите на семејството.

Владата предводена од СДСМ веќе им ги зголеми ингеренциите на сите инспекторати, да можат на лице место да изречат забрана за вршење на дејност до 30 дена за правни лица, што не ги почитуваат ковид протоколите.

Во борбата против коронавирусот клучно е совесното и одговорно однесување на грѓаните, клучно е дисциплинираното почитување на мерките – носење заштитна маска, одржување дистанца и редовна дезинфекција.

Здравјето на граѓаните е наш приоритет, но мораме да научиме да живееме со пандемијата и секогаш и секаде да ги почитуваме мерките за заштита и ковид протоколите“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“