СДСМ: Граѓаните не му веруваат на Груевски

Од:

„Економските промашувања на Никола Груевски ја доведоа Македонија на дното на Европа по инвестиции, далеку зад своите соседи.

Народна банка објави поразителни податоци дека во јуни и јули оваа година странските инвестиции во Македонија се на рекордно најниско ниво во цела Европа, дури и зад најмладата држава на Балканот, Косово.

Груевски најави неколку милијарди евра инвестиции во Македонија и ги излажа граѓаните.

Не е само авантурата на Груевски со контраверзниот бизнисмен Субрата Рој. Не е само пропадната инвестиција од над 200 милиони евра во агрокомбинатот Џумајлија.

Груевски во изминатите неколку години најави многу инвестиции што никогаш не се реализираа.

Во 2008 година Груевски најави дека италијанската Орланди ќе гради фабрика во Македонија, за производство на приклучни уреди за камиони и земјоделски машини. Фарбиката не се отвори.

Во 2009 година Груевски најави инвестиција на турски Шишеџам од над 45 милиони евра. Ниту имаше инвестиција од 45 милиони евра ниту фабриката за шишиња се отвори.

Исто така во 2009-та, Груевски најави дека Хајер и Тривју за една недела ќе започне со изградба на фабрика во Македонија. Многу недели поминаа, години поминаа, фабриката ја нема.

Граѓаните не му веруваат на Никола Груевски. Што и да најавува Груевски доцна е. Збогум Никола“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?