СДСМ: Граѓаните на референдум ќе го кажат последниот збор

Од:

„Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ се пронајдоа во прес конференцијата на СДСМ во делот на изолацијата и стагнацијата и затоа се најдоа повикани да „одговорат“ пред граѓаните. Но, реално опозициската ВМРО-ДПМНЕ не може да одговори, туку може да учи како се води одговорна меѓународна политика и што значи државотворно делување.

Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ значеше 11 години стагнација на државата. 11 години криминал и сиромаштија, 11 години изолација, поделби, насилство, конфронтации и на домашен и на меѓународен план.

За разлика од таквото антидржавно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, за само една година Владата предводена од СДСМ ја стабилизираше државата и ја врати на вистинскиот пат. Од заробена и изолирана, Македонија денес е почтиувана држава – земја пријател на региониот и демократскиот свет. Македонија оди напред како модерна демократска европска држава.

Постигнатиот договор за спорот со Грција наиде на честитки од целиот демократски свет, затоа што го зајакнува идентитетот и достоинството, а истовремено го отвора патот кон членство во ЕУ и НАТО што е врвен национален интерес.

ВМРО-ДПМНЕ не може да ја кочи македонската иднина. На референдум, согласно законските прописи, граѓаните слободно ќе ја искажат својата волја и одлучно ќе кажат ДА за зајакнат македонски индентитет, ДА за интеграција во НАТО и ЕУ, одлучно ќе кажат ДА за македонската иднина“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференциите на Наум Стоилковски и Димче Арсовски од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?