СДСМ: Граѓаните на Македонија секој ден дишат загаден воздух

Од:

„Мерните станици и денеска покажуваат загаденост на воздухот во Македонија, опасна по здравјето на луѓето.

Според официјалните податоци од мерните станици загадувањето на воздухот во Тетово изнесува речиси 10 пати над дозволеното.

Утрово, во Битола и Скопје опасните ПМ10 честички во воздухот се застапени речиси 4 пати над дозволеното.

Никола Груевски потроши 630 милиони евра за споменици, троши милион евра за LED телевизори додека луѓето во Македонија се гушат во нечист воздух, крајно опасен по нивното здравје поради високиот процент на канцерогени честички.

Извештајот „Зелен раст“ на Светска банка покажува дека Македонија е на прво место на листата за изложеност на граѓаните на загаден воздух со цврсти честички. Тоа е најголемата причина за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно во Македонија, од рак и болести на дишните патишта.

За Никола Груевски овие поразителни податоци се обични неважни бројки. Никола Груевски им одзема 10 години живот на граѓаните а ништо не превзема за да се реши проблемот со загадувањето.

Покрај хаосот во здравството, што го создадоа Никола Тодоров и Никола Груевски, загадениот воздух е дополнителна закана за здравјето на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Работниците останаа без 600 евра минимална плата поради ССМ

СДСМ: Каква е поврзаноста меѓу Мицкоски и криминалецот Симе?

Горан Наумовски

Филипче: СДСМ со предлог законски решенија за минимална плата од 600 евра и замрзнати плати за функционерите

СДСМ: Петмина уапсени во Брвеница, Мицкоски има фотографија со еден од нив

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

(ВИДЕО) Филипче: Поддршка за протестот на работниците, платите за време на СДСМ драстично пораснаа