СДСМ: Граѓаните на Битола имаат идеја: Збогум Никола!

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, без идеи и без резултат зад себе, касно се сетија на граѓаните. Додека граѓаните осиромашуваа, додека се зголемуваше невработеноста, Никола Груевски во изминатите десет години мислеше само на провизии, тендери, парцели на Водно, на мерцедес од 600 илјади евра, на очила од 60 илјади долари…

Послената лоша вест е дека 1.000 рудари останаа без работа, на илјада семејства им е загрозена егзистенцијата.

Факт е дека корупцијата во изминатите години однесе многу работни места. Сега лицемерниот кум Ставрески, познат по изјавите „ние сме лудаци“ и „немаме за леб, а трошиме за чоколадо“ ќе одржува трибини во градовите низ Македнонија и ќе зборува за работни места?

Фактот што на трибината на ВМРО-ДПМНЕ во Битола не било дозволено медиумите да останат до крајот туку веднаш по обраќањата биле избркани докажува дека Никола Груевски се плаши од вистината.

Вистината е поразителна за Груевски. Некогаш во Битола никнуваа фабрики, сега се затвораат.
Само оваа година во стечај замина „Млин Стојчев“, голема мелничко-пекарска компанија. Над 200 вработени останаа без работа.

Словенечката „Метеорит“ и печатницата „Микена“ исто така отворија стечајна постапка, над 40 вработени останаа без работа.

Се затвори и познатата Шекерана и фирмата за сувоместни производи „Римоти“. Дури и најпознатата фабрика која извезуваше за европските пазари и САД, фабриката за трикотажа „Пелистер“ отвори стечајна постапка. Над 200 вработени останаа без работа. Доцна е сега Никола Груевски да бара граѓаните да му даваат идеи. Граѓаните имаат идеја: Збогум Никола!“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Шукова: Верувам дека културата не е трошок, туку инвестиција во иднината на еден град

Требаше да биде кандидат на СДСМ, а му се приклучи на тимот на Ѓорѓиевски во трката на Скопје

СДСМ бара Сиљановска да не го потпишува Указот за Законите за полиција и МВР

ВМРО-ДПМНЕ: За ситни политички поени, СДС ја стави Македонија во пламен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето за македонскиот јазик, не враќате во времето на Груевски со истите мотиви?

(ВИДЕО) Стојчевски: Лефков е симбол на сѐ погрешно во ВМРО-ДПМНЕ, сее лаги, а молчи за Кочани

Горан Наумовски