СДСМ: Граѓаните ја открија измамата со новогодишната кошничка, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за профитот на трговците

Од:

Таканаречената „новогодишната кошничка“ е нова измама на граѓаните од страна на власта. Повторно, како и со есенската кошничка, Владата свесно манипулира со граѓаните а ги штити трговците. Мицкоски намерно им остави време на трговците да ги качуваат цените, за сега, кога ќе се намалат, да нема никакво реално намалување. Нема да има намалување на цените но ќе има зголемување на профитите на грбот на граѓаните. Колку долго ќе гледаме како ВМРО-ДПМНЕ ги штити трговците и тајно договара лажни кошнички, додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, вели Симона Цветановска од СДСМ:

– Пред воведување на „лажната кошничка“, трговците тивко и очигледно во договор со Мицкоски ги покачија цените на основните прехранбени производи за 15-20 %, со што ударот врз домашниот буџет на граѓаните стана уште посилен. За ова секојдневно сведочат граѓаните. Конкретно, ако ги погледнеме цените во маркетите: Пакување од 10 јајца сега се 90 денари, а неодамна чинеа 75 денари. До пред две недели зејтинот се продаваше за 82 денари – сега е 89 денари.
Цената на кашкавалот најмногу се зголеми и сега е околу 500 денари за килограм. За килограм кашкавал граѓаните сега мора да платат 497 денари, а беше 429 денари. Речиси 70 денари зголемување за кило. Исто е и со многу други производи.„Новогодишната кошничка“ е само евтин ПР да се прикаже дека Владата нешто прави, додека суштински ништо не се менува.Ова не е „грижа за граѓаните“, ова е измама, рече Цветановска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он