СДСМ: Граѓаните добија честитка од ДПМНЕ со повисоки цени за вода во општините

Од:

Граѓаните добија новогодишна честитка од локалните власти на ДПМНЕ со покачени цени за вода.Прилепчани во новата година ќе плаќаат вода, поскапа за 33 отсто, откако ДПМНЕ им го покачи данокот на имот за 300 отсто, сметките за комунални услуги за 67 проценти, како и паркингот и градскиот превоз велат од СДСМ.

– Водата поскапува и во Битола, каде јавните претпријатија се во дебели минуси. Комуналните услуги се покачени и во Гевгелија, Велес, Радовиш, Зрновци, Охрид и во други општини раководени од ДПМНЕ. По џебот на граѓаните удри и општина Штип, каде е зголемен данокот на промет, такси превоз и надоместокот за ѓубретарина. ДПМНЕ во над 40 општини, донесе нула резултати, нереализирани ветувања, поголеми сметки за граѓаните, задолжени општински каси. Локалните власти на ДПМНЕ се најголемо разочарување за граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски