СДСМ: Граѓаните дишат загаден воздих, a ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го игнорира овој проблем

Од:

„Граѓаните на Македонија со месеци дишат загаден воздух, а ВМРО ДПМНЕ максимално го игнорира овој проблем.

Со игнорантскиот однос спрема загадувањето на воздухот, ВМРО-ДПМНЕ придонесува да има штетни последици по здравјето на граѓаните.

Загадување 28 и 29 јануари 2016 година_Page_1

Мерните станици во континуитет, со денови, недели и месеци покажуваат огромна загаденост на воздухот во Македонија, како во вечерните така и во утринските часови.

Во Центар загадувањето е 11 пати повисоко од максимум дозволеното количество на ПМ10 честички, во Лисиче 17 пати над дозволеното, Гази Баба 10 пати, а во Карпош загадувањето е 6 пати над максимум дозволеното количество на ПМ10 честички.

Загадување 28 и 29 јануари 2016 година_Page_2

Во Тетово количеството на ПМ10 честички е рекордно 17 пати над дозволеното, а загадувањето во Битола е 6 пати над максимум дозволеното.

Срамно и неодговорно е ВМРО-ДПМНЕ да не презема ништо во врска со оваа значајна тема која е директно поврзана со здравјето на граѓаните.

Загадување 28 и 29 јануари 2016 година_Page_3

Политиките на Никола Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ не само што ги разболеа граѓаните, туку и нема кој да ги лечи болните граѓаните.

Тие се збогатија со пари од граѓаните што требаше да бидат употребени за заштита на нивното здравје и нивните животи, затоа што тоа се нивни пари.

Загадување 28 и 29 јануари 2016 година_Page_4

Фамилијарно-тендерските „политики“ на Никола Груевски, Николa Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ го уништуваат здравјето на граѓаните.

Затоа заврши времето на Никола Груевски. Заврши времето на Никола Тодоров. Завршува времето на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на СДСМ.

Загадување 28 и 29 јануари 2016 година_Page_5

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните