СДСМ: Граѓаните дишат неколку пати позагаден воздух од максимално дозволените граници

Од:

„Од лошите политики на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ, граѓаните дишат неколку пати позагаден воздух од максимално дозволените граници.

Според последните податоци, битолчани дишат екстремно загаден воздух, каде што измерената концетрација на ПМ10 честички изнесува 919, дури 30 пати повеќе од нормалната дозволена концетрација на суспендирани честички.

Битола

Од скопските општини, концетрацијата на ПМ10 честички во Лисиче е 599, дури 12 пати повеќе од нормалната вредност. Граѓаните на Центар дишат 10 пати позагаден воздух од нормалното, а во Гази Баба е измерена концетрација на ПМ10 честиски од 465, што е 10 пати повеќе од нормалното.

Лисиче Центар Гази Баба

Во Кавадарци, загаденоста достигнала вредност од 243.2, што е 5 пати повеќе од нормалната вредност на концетрација на дозволени супсендирани честички, а во Кичево, концетрацијата на ПМ10 честички е 238.

Кичево

Недозволиво е власта да троши 630 милиони евра за споменици, милион евра за ЛЕД телевизори,а граѓаните да дишат загаден воздух.

Наместо парите да се трошат во реклами каде не убедуваат дека здравјето нема цена, добро е истите да се вложат во заштита на животната средина, затоа што навистина здравјето нема цена.

Кавадарци

Во извештајот на Светска банка се наведува дека Македонија е на петото место според годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух, од  честичките ПМ 10.

Најголем „успех“ на Никола Груевски е што успеа со непланските мерки и неводењето грижа за граѓаните  во последните 10 години да ги направи Битола, Скопје, Кавадарци и Кичево едни од најзагадените градови во Европа.

Карпош

Не можат граѓаните да бидат тие кои што треба да платат со највисоката цена – со животот, за лошите политики на Владата на Груевски и ВМРО ДПМНЕ

СДСМ знае и има план како да ги ги промени овие алармантни состојби со огромната загаденост на воздухот и животната средина.

Граѓаните имаат заедничка идеја: за чист воздух-збогум Никола“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски