СДСМ: Градоначалникот Стефковски троши 200.000 евра за партиски вработувања, а нема реализирано ниту еден свој проект

Од:

„Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не реализираат ниту еден проект кој го ветуваа пред граѓаните, но затоа се силно посветени на расипништво и партизација на општините. Нема ден а во јавноста да не се појави нов случај на крчмење на општинските буџети на партиски вработувања и непродуктивни трошоци од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ“, соопшти СДСМ.

„Последен случај е градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски кој ќе потроши 12,2 милиони денари или неверојатни 200.000 евра за привремени вработувања во општината.

Дополнително на ова, Стефковски ќе потроши и 200.000 денари или над 3.000 евра за набавка на топли напитоци.

Во време на криза, кога градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се жалат дека немаат пари и најавуваат некаква радикализација, Стефковски троши над 200.000 евра за вдомување на партиски кадри.

Тоа е дури двојно повеќе од градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски кој за вдомување на партиски кадри ќе потроши 100.000 евра.

Во време на криза, наместо инвестиции во развојни проекти, наместо за помош на граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ водејќи се по начелото на Зоран Ставревски „трошиме на чоколадо а немаме за леб“ немилосрдно ги трошат општинските пари.

ВМРО-ДПМНЕ не е поместена ниту милиметар од режимската матрица, тоа е партија симбол за расипништво, партизација на институциите и дејствување против граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар