СДСМ: Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски склучувал Договори со роднини, пријатели и медиумски поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Во време на најголема економска и енергетска криза, локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ наместо работа и исполнување на ветеното целиот фокус им е ставен на партиски вработувања, трошење пари и полнење на џебовите на нивни роднини и пријатели рече на прес конференција Генералниот секретар на СДММ и советник во Градот Скопје, Гордан Шутаров.

– Преку договори со суми од 40 па и од 50.000 денари, парите на граѓаните завршуваат кај членови на ВМРО-ДПМНЕ, нивни роднини, пријатели, па дури и нивни медиумски поддржувачи. Само во еден месец, ноември 2021 година, Орце Ѓорѓиевски склучил 11 вакви Договори кои се продолжени и во оваа 2022 година. Славче Трпевски – партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен директор на Катастар, против кого има Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување. На партискиот кадар на ВМРО – ДПМНЕ, Ѓорѓиевски му обезбедил 40.000 денари а има и анекс на Договор, рече Шутаров.

Тој вели дека Наталија Митовска – од порталот Инфомакс, медиум кој како то рече е под директна контрола на ВМРО-ДПМНЕ, исто така има Договор со општина Кисела Вода. Со парите на граѓаните очигледно се плаќа пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ и ширењето лажни вести вели Шутаров.

– На списокот партиски договори на Орце Ѓорѓиевски има и роднини и лични пријатели на градоначалникот. Сара Ѓорѓиевска – роднина, поточно братучетка на градоначалникот, исто така има Договор вреден 30.000 денари. Прием на странки, телефонски разговори и прием на пошта. Како од цела општина да немало човек за оваа работа па морала братучетката на градоначалникот да биде наградена. Договор има и за Кирил Митревски, близок пријател на градоначлникот, вреден 50.000 денари но и многу други лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ, како Влатко Стојановски, Кирил Димчевски, Сашо Јовановски, Ленче Алтова и др, рече Шутаров.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје