СДСМ: Градоначалникот на Шуто Оризари сака да ја задолжи општината со осум милиони евра

Од:

Градоначалникот на општина Шуто Оризари и Претседателот на Советот на Општина Шуто Оризари на денешната седница на советот на шверцески начин во очи на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам сакаат да ја задолжат Општината со 8.000.000 денари за наводен проект Доградба на Општински ресурсен центар рече на прес конференција Ферат Асан, претседателот на општинската организација на СДСМ Шуто Оризари

– Јавно ги прашуваме двајцата дали водат Општина или невладина организација, за која намена ја задолжуваат Општината за народот или “ИРИЗ” и “РОАМАНО ЧАЧИПЕ”. Ги повикуваме советниците да се запрашат за чии интереси се задолжува општината од близу 135.000 Евра, за капитален проект или лични интереси на “ИРИЗ” и “РОАМАНО ЧАЧИПЕ” зад кои стојат градоначалникот Курто Дудуш и претседателот на Советот Сеад Исмаил. СДСМ преку својата советничка група ќе се спротивстави и ќе преземе се за оваа одлука која е на штета на граѓаните да не се донесе. Оваа дивоградба, овој објект покрај тоа што е дивоградба, се гради на државно земјиште, истовремено и се краде и струја вели Асан.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски