СДСМ: Градоначалникот на Петровец осомничен за злоупотреба на половина милион евра

Од:

Како што објави, Јавното обвинителство отвори истрага против градоначалникот на општина Петровец, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Митевски и неговиот брат, под сомнение за злоупотреба на службена должност и перење пари Според информациите во јавноста, градоначалникот Митевски се сомничи дека во период од шест години, потпишал 24 фиктивни фактури во вредност од половина милион евра на фирми, чиј вистински сопственик е неговиот брат велат во соопштение од СДСМ.

-Го охрабруваме надлежното јавно обвинителство до крај да ги истражи овие индиции за сторен криминал на штета на општината и граѓаните. Оваа истрага е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од криминалната матрица, дека Христијан Мицкоски се уште е опкружен со криминогени ликови од времето на режимот. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се покажаа како најнеспособни, за шест месеци мандат не реализираа ниту еден проект, а проектите започнати од претходните локални власти на СДСМ ги промовираат како свои. Но затоа веднаш почнаа да аздисуваат со народните пари, трошат стотици илјади евра за непродуктивни трошоци и партиски вработувања се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски