СДСМ: Градоначалниците од ДПМНЕ две години не прават ништо за загадениот воздух

Од:

Скопје со денови е меѓу најзагадените градови на светот, скопјани се гушат од воздухот штетен по здравјето. Градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо цели 2 години за загадениот воздух. Иако ДПМНЕ има градоначалници во Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Ѓорче Петров, мнозинство во Советот на Град Скопје, води јавни претпријатија, има над 500 членови по управните и извршните одбори, тврдат од СДСМ.

– ДПМНЕ не презема буквално ништо. Нема мерки за намалување на актуелното загадување, ниту пак долгорочни решенија. Нема нови зелени површини, нема нови дрвја. Не се чистат депониите, не се чистат улиците, нема никакви еколошки проекти, не се инвестира во заштита на животната средина, туку напротив, парите за таа намена постојано се намалуваат. Градоначалниците на ДПМНЕ ги интересираат тендери, провизии, скапи часовници, а граѓаните им се на последно место – се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски