СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ само бараат пари од Владата, а ништо не работат

Од:

„Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ништо немаат сработено во првите 100 дена од мандатот ниту за граѓаните ниту за општините. Граѓаните сведочат само на оправдувања за нивното неработење и партизација на општинските администрации“, соопшти СДСМ.

„Единственото нешто што го прават се неработа, недостаток на проекти и барања за финансиска помош, додека кај нив не постои никаква иницијатива да се вклучат во справувањето со економската и енергетската криза.

Владата предводена од СДСМ постојано ја покрива нивната неспособност. Така беше за парното во Скопје, така и со мерките за енергетска криза, општините на ВМРО-ДПМНЕ не преземаа ништо за граѓаните.

Наследија полни буџети и голем број започнати проекти од претходните локални власти и оние поддржани од централната власт, но не реализираа ништо.

Данела Арсовска е прв пример за неработа и неспособност. Ништо не сработи за три месеци освен што нивелираше шахта и постави мобилни тоалети и се прогласи за ненадлежна за се останато.

Ги излажа скопјани дека ги исчистила депониите, а во секоја општина има депонија.

Скопјани ги остави без парно среде енергетска криза, па Владата презема мерки и обезбеди греење.

Со нивната неспособност и неработа во првите 100 дена се покажаа како најнеуспешните градоначалници во историјата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Парите на граѓаните мора да служат за јавниот интерес, а не за привилегии и лични уживања на власта

СДСМ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно лажеше и остави луѓе да се трујат

Андоновска: Судијката Алексовска Стојановска, која го пушти Васил Јованов убиецот на Фросина во Поправен дом наместо во затвор, во својот дом имаше партиски штаб на СДС

СДСМ: Три месеци по ред се намалува просечната плата – стандардот на граѓаните опаѓа

СДСМ: Кандидатот за градоначалник на Виница од ДПМНЕ дел од шумската мафија

Предраг Петровиќ

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија