СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да пренаменат 1,2 милиони евра за граѓаните, наместо за партиски вработувања

Од:

Бараме од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат со расфрлањето со народните пари и предвидените 1,2 милиони евра за партиски вработувања да ги пренаменат за граѓаните.Во време на најголема криза безобразно и крајно неодговорно е само 5 општини во Скопје градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да потрошат 1,2 милиони евра за партиски времени вработувања рече на прес конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Со 1,2 милиони евра може да им се помогне на ранливите граѓани во ова време на криза. Со 1,2 милиони евра може да се помогне на јавните претпријатија. Со 1.2 милиони евра може да се реализираат проекти во интерес на граѓаните во сите 5 скопски општини. Еве им шанса на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, да му кажат НЕ на Мицкоски и наместо расипнично и неодговорно однесување да покажат одговорност. Во ова време на светска економска криза Владата предводена од СДСМ презема мерки вредни 400 милиони евра за заштита на стандардот на граѓаните и на ликвидноста на компаниите. Доколку градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не ги пренасочат овие пари, ќе покажат уште еднаш дека ништо не е променето во оваа партија, дека тоа е старата режимска матрица, вели Кузеска.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела