СДСМ: Град Скопје за првпат во историјата е со блокирана сметка и му се заканува банкрот

Од:

„Советот на Град Скопје кон крајот на минатата година за оваа 2023 година изгласа буџет од 700 милиони денари или над 100 милиони евра. Денес, неколку месеци подоцна, Град Скопје за првпат во историјата е со блокирана сметка и му се заканува банкрот“, велат од СДСМ.

„Каде се потрошија парите на скопјани треба да каже ВМРО-ДПМНЕ, затоа што таа партија ги има сите управни и надзорни одбори во претпријатијата и установите, таа партија го има мнозинството во Советот.

Ситуацијата во речиси сите скопски јавни претпријатија и установи е катастрофална, а директна одговорност за тоа имаат ВМРО-ДПМНЕ и кадрите на шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски

Над 100 милиони евра се потрошија, а граѓаните не видоа реализација на ниту еден капитален проект.

Дури и наследените проекти како мостовите на булеварот АСНОМ и улицата Љубљанска, реконструкцијата на Универзална сала, клучката кај Момин поток, стојат нечепнати повеќе од една и пол година.

Потрошен буџет и нереализирани проекти, ете што значи кога ВМРО-ДПМНЕ ќе добие шанса да раководи со народните пари“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема