СДСМ: Гордана Силјановска збунета во Собранието гласаше против волјата на граѓаните изразена на фер, слободни и демократски избори

Од:

Со гласањето против верификацијата на мандат на пратеникот Бедри Фазлиу, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска денеска во Собранието направи скандалозен преседан во историјата на македонската демократија, чин директно спротивен на демократската волја на граѓаните, велат од Социјалдемократскиот сојуз.

„Неодговорно, антидржавно и крајно опасно е пратеник во Собранието да гласа против верификација на мандат освоен на фер и демократски избори и потврден од Државната изборна комисија, при тоа очајно правдајќи се дека се збунила. Тоа е незериозен и аматерски однос кон Собранието, кон пратениците и кон граѓаните. Дали Сиљановска гласаше против само затоа што во парламентот треба да влезе граѓанин Албанец или свесно отиде против волјата на граѓаните изразена на фер, слободни и демократски избори?,“ прашуваат од владејачката партија.

Би можело да ве интересира

Продолженија на четири собраниски седници

Ана Ололовска

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои го поддржуваат европскиот пат

СДСМ: Во заложништво на Апасиев, Мицкоски е класичен антиевропски политичар

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ трупаат нови долгови за граѓаните, Прилеп се задолжува

СДСМ Тетово: Касами да не споделува ставови фаворизирајќи само една етничка група

Ана Ололовска

Собраниска расправа за изборот на Дуковска за судија на Уставен суд, за опозицијата прекршен е Уставот

Горан Наумовски