„Гордана Јанкулоска е фатена во стапица. Тоа што сакаше да го сокрие министерката, го извади на виделина Катастарот. Ова на прес конференција го изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
До вчера баравме одговор на прашањата:
– Како Јанкуловска за неколку години на функција го зголемила својот семен станбен фонд од 76 на 209 м2?
– Како за 1 година и 9 месеци вратила 75000 евра кредит (за кој требала да плаќа 3.500 евра месечно?
– И сето тоа со само две државни плати! На овие прашања таа и се закануваше и лажеше, но не даде никаков одговор. Но, на виделина излезе нешто уште поголемо. Имотниот лист на Гордана Јанкулоска е скандал сам по себе. Од него се гледа дека истата е сопственик на 182 м2, а не на 114 м2 како што стои во нејзиниот Анкетен лист.
– Ова е имотниот лист на граѓанинот Јанкулоска. Во него јасно се гледа, дека на нејзино име во Катастарот се заведени 156 м2 стан и 26 м2 гаража, посочи Шилегов.
Во анкетниот лист на Гордана Јанкулоска, министер за внатрешни работи, според Шилегов се заведени само 114 м2.
– И сега каде е разликата?
– Ова е решението на Општина Центар со кое се одобрува легализација на дивоизграден кров на зградата во која живее Јанкулоска. Од него се гледа дека на станот број 59 во кој живее Јанкулоска одобрена е легализација на 65 м2 поткровје.
– Дали тоа значи дека станот на Јанкулоска, бил купен со дивоградба од 65 м2? Тие 65 м2 се легализирани, со ова решение, во мандатот на екс градоначалникот Тодоровиќ, внимавајте, само 9 дена пред локалните избори. Може да претпоставиме по која цена? По евро за метар квадратен?! Односно 65 метри квадратни за 65 евра?!
– Барањето за легализација на кровот е поднесено во 2011 години, што значи дека министерката во моментот на купување на својот стан, знаела или требало да знае дека купува стан со дивоградба. А, еве кога е легализирана дивоградбата. 14 март 2013 година. Само 9 дена пред изборите годинава.
– Значи, се излезе на виделина. Стана јасно зошто Јанкуловска прави „папазјанија„ со различни документи и квадрати.
– Господине Груевски и Госпоѓо Јанкулоска, Затоа ли донесовте жители на Пустец и ги направивте граѓани на скопски Центар? За да ги скријат вашите тајни за легализирани дивоградби за 65 евра?! За да ги скријат непријавените станови?
– Достапните документи покажуваат дека министерката за внатрешни работи од стан од 76 м2, за 5 години го зголемува својот семеен станбен имот во најмалку 270 м2. Од тоа што е познато. Или од 50 илјади евра на над 350 илјади евра!
– Премиере Груевски и господа од Антикорупциската комисија,Ве повикуваме да соберете 250 денари и да го извадите овој Имотен лист од Катастарот. Нека се види кој ја говори вистината, а кој лаже“, изјави на денешната пресконференција, Петре Шилегов, портпарол на СДСМ