СДСМ: Голем е стравот на ВМРО-ДПМНЕ од Ковачевски и од Зечевиќ

Од:

Сѐ поголем е стравот на ВМРО-ДПМНЕ од Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ, откако Христијан Мицкоски доживеа катастрофален пораз на првото изборно соочување во Маврово и Ростуше и Центар Жупа велат од СДСМ во реакцијата на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во кое партијата обвини дека кариерите на Ковачвски и на Зечевиќ ја држат земјата во заложништво.

– Поттикнати од страв, од преполни сали низ државата од кои ечеше поддршка за европска иднина, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со лаги и манипулации, знаејќи дека на парламентарните избори во 2024, со тандемот Ковачевски Зечевиќ ги чека уште еден изборен дебакл. Со ниту една лага, деструкција и манипулација ВМРО-ДПМНЕ нема да успее да ја загрози европската иднина на државата. Предвремени избори нема да има. Пред СДСМ се цели и задачи кои сме презеле обврска да ги реализираме до редовниот термин за избори. Граѓаните ги препознаваат искрените политики на новото раководство на СДСМ и затоа Мицкоски во 2024 година ќе прокнижи нов пораз.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски