СДСМ го повлекува Законот за надворешни работи

Од:

Ние нема да дозволиме некој да прави личен театар и да бие внатрепартиска битка во ВМРО-ДПМНЕ правејќи театар од Собранието и затоа Законот за надворешни работи ќе биде повлечен – се вели во партиското соопштение од СДСМ.

– За време на мандатот ВМРО-ДПМНЕ испраќале амбасадори кои имале двојни државјанства што е спротивно на закон. Го правеле тоа со безобзирно прекршување на Законот за надворешни работи. За тоа многу добро знае претседателот на собраниската комисија за надворешни работи од ВМРО-ДПМНЕ.

Целта требаше да биде да се дозволи кандидатите за амбасадори да имаат двојно државјанство, но да не можат да бидат амбасадори во земјата каде имаат второ држвјанство.

Овој ист закон, со ист текст беше во процедура и во минатиот пратенички состав и тогаш ВМРО-ДПМНЕ немаше никаква забелешка, ниту пак поднесен еден амандман. Тогаш беше истиот претседател на собраниската комисија – стои во соопштението од СДСМ.

Претходно во текот на денот, Антонијо Милошовски најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 300 амандмани на законот и ќе го блокира.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба