СДСМ го освојува градоначалничкото место со минимална предност пред ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица

Од:

Во вториот круг од локалните избори, кандидатката на СДСМ, Соња Стаменкова, оствари тесна победа над кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Димчо Атанасовски, со само 33 гласа разлика.
Според конечните неофицијални резултати, Стаменкова освоила 1.734 гласа, додека Атанасовски добил 1.701 глас.

Од вкупно 6.650 запишани избирачи, на гласање излегле 3.609 граѓани, што претставува излезност од 54,3 проценти. Од нив, 224 ливчиња се прогласени за неважечки.

Вкупниот број на важечки ливчиња изнесува 3.385, од кои Стаменкова освоила 51,2 проценти, а Атанасовски 48,3 проценти од гласовите.

Со оваа победа, доколку се потврди конечниот резултат и официјално, кандидатката на СДСМ ќе ја преземе функцијата градоначалник на општината, откако во првиот круг изборите не донесоа одлучувачки резултат.

Би можело да ве интересира

Аријан Ибраим е старо – нов градоначалник на Општина Центар Жупа

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК со пресек до 15 часот: Излезност од 18,18 отсто во четирите општини