СДСМ: Го осудуваме недоличното навивање во Скадар и апелираме на спортски дух

Од:

СДСМ најостро ги осудува свирежите на државната химна на Република Македонија на синоќешниот меч помеѓу Македонија и Албанија во Скадар.

„Очекуваме дека вчерашните груби навреди извикани од група навивачи на домашната репрезентација, врз репрезентативците од Македонија додека ја пееја химната на Р.Македонија и фрлањето факели на трибината со навивачи од Македонија ќе добие соодветна осуда од Фудбалската федерација на Албанија, тамошните власти и УЕФА.

Апелираме на негување спортски дух на заемно почитување, солидарност и “фер-плеј“.

Спортските натпревари биле и треба да останат поле за поттик на пријателства, во кое што нема и не треба да има место за политиката и разгорување нетрпеливост, посебно што станува збор за две соседни пријателски земји“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот