СДСМ го осуди нападот врз новинарската екипа на „Ал Џазира“, очекува казна за извршителите

Од:

СДСМ го осуди нападот врз новинарската екипа на „Ал Џазира“ на вчерашниот протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ. Порачува дека очекува казна за извршителите на нападот, а на опозициската партија и забалежува дека не смогнала сила ниту да го осуди.

-Слободата на изразување и непреченото работење на новинарите и медиумските работници во секое демократско општество, какво што е и во Северна Македонија се загарантирани и неповредливи. За поздравување е тоа што институциите брзо реагирале, очекуваме и соодветна казна за извршителите на нападот, стои во соопштението од СДСМ.

Според СДСМ, „нападот врз новинарски екипи, уште еднаш го потврди насилничкиот и понижувачки однос на ВМРО-ДПМНЕ кон медиумите и новинарите“.

-Заробена во сопствената деструкција, и во опозиција, исто како и на власт, ВМРО-ДПМНЕ во медиумите гледа единствено непријатели. Нереформираната, назадна партија, ВМРО-ДПМНЕ, не смогна сили ниту да го осуди нападот, ниту да се извини на нападнатата новинарка, наведува СДСМ.

Нападот на новинарската екипа претходно го осудија Здружението на новинари, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер