СДСМ го осуди нападот на „Дамар“

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува вчерашниот инцидент во Старата Скопска чаршија, поточно во кафулето Дамар, кога во моментот на одбележување на двегодишнината од ЛГБТ центарот, поголема група со маски упаднала во објектот и насилно се однесувала кон присутните, при што има и повредени граѓани.

Бараме итно делување на институциите, на Министерството за внатрешни работи, со цел расчистување на случајот, пронаоѓање и санкционирање на сторителите.

Потсетуваме, дека ова не е прв инцидент од ваков тип, врз ЛГБТ центарот. Минатата година беше нападнато нивното седиште, а МВР и за тој насилнички чин молчеше, иако камерите ги идентификуваа сторителите.

Никој нема право да ги загрозува слободите и правата на граѓаните и нивните животни определби.

Под власта на ВМРО-ДПМНЕ стана секојдневие загрозувањето на човековите права, а токму нивните политики предизвикуваат за дополнителна омраза, предрасуди и насилство.

Се покажа дека нереагирањето на институциите, само ги охрабрува и поттикнува насилниците.

Повторуваме, СДСМ бара итно расчистување на настанот, а сторителите да ја добијат заслужената казна, во спротивно, ќе нема друг аргумент, освен фактот дека власта ги поддржува и стимулира овие инциденти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО