Татјана Стојаноска Иванова, Тевдовски, Шилегов дел од новиот Извршен одбор на СДСМ

Од:

На денешната седница на Центраниот одбор на СДСМ го избра новиот Извршен одбор на партијата составен од Рената Дескоска, Драган Тевдовски, Фросина Ременски, Петре Шилегов. Во извршниот одбор ќе бидат и Стефан Богоев, Костадин Костадинов, Татјана Стојаноска Иванова, Салија Љатив Петрушовска и уште осуммина членови на партијата од останатите градови.

Неофицијално на Централниот одбор кој се одржува во Охрид нема да се расправа за избор на потпретседатели на партијата. Ова ќе биде одложено за наредната седница на ЦО.

Актуелниот генерален директор на Водовод, Душко Весковски е новиот организационен секретар на партијата додека пак на функцијата секретар на меѓународна политика поставен е досегашниот владин советник Дане Талески.

За нови членови на Централниот одбор на СДСМ се поставени Тања Стојаноска Иванова, професорка од Филозофскиот факултет и Салија Љатив Петрушевска, директорка на геријатрисата болница во Скопје.

Татјана Стојаноска Иванова на изборите во 2014 беше кандидат за пратеник од партијата ГРОМ на Стевчо Јакимовски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски