СДСМ: Главата на криминалниот октопод се вика Никола Груевски

Од:

Една е главата на криминалниот октопод , а таа се наоѓа во Будимешта и се вика Никола Груевски. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште се само пипците со кои раководи главата од странство, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Освен ширење невистини и одбрана на криминал, ништо друго не излегува од белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ. Измислиците и невистините на ВМРО-ДПМНЕ за некакви возила купени од семејството Заев се показател за очајната состојба во која се наоѓа оваа партија.

СДСМ докажа дека за нас криминалот не познава партиски и бескомпромисно сме за борба против криминалот и корупцијата. 

Мицкоски не успеа. Побегна од лидерска средба но нема бегање од правдата.

Идната недела до Собранието на Република Северна Македонија Владата ќе предложи нов текст на Законот за Јавно Обвинителство.

Сите случаи кои се пред судовите, за кои СЈО е надлежно согласно закон, ќе ги продолжи и ќе ги застапува пред надлежните судови новото ЈО. Нема одбрана на криминалот на Никола Груевски и режимот.“, се наедува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски