СДСМ: Гласот за Сиљановска е глас за враќање на режимот на Груевски, граѓаните тоа нема да го дозволат

Од:

„Граѓаните во првиот круг од престедателските избири покажаа дека не сакаат нов Ѓорге Иванов, не сакаат нов партиски послушник што ќе работи спротивно на нивните интереси.

Гласот за Гордана Сиљановска на 5-ти мај е глас за да се врати режимот на Никола Груевски.

Гласот за канидадатката на Христијан Мицкоски е глас за одбрана на насилниците и насилството од 27 април

Гласот за Сиљановска е глас за враќање во темното минато на поделби, конфликти, неправда и неказнивост.

Граѓаните нема да го дозволат тоа, нема да дозволат да се врати режимот на Груевски, да се вратат неправдите и поделбите.

На 5 мај, граѓаните ќе ги потврдат промените и уште помасовно ќе го поддржат концептот предводен од Стево Пендаровски што води напред кон иднина во ЕУ и НАТО.

На 5 мај граѓаните ќе изберат нов, вистински претседател, ќе изберат напредок. Заедно напред“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски