СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Од:

Криминалната власт почна со репресијата врз функционерите на СДСМ со нарачни судски пресуди. Како што најавивме, ги поставија своите судии и обвинители и тргнаа. Нема повеќе независно судство ниту независно обвинителство. Сѐ ставија во своите канџи, велат од СДСМ.

„По носењето Декрет и забраната за слобода на говор со предавничката Резолуција гледаме нарачани судски пресуди и законски казни за функционерите на СДСМ, како што денеска е осуден поранешен директор на затворот Филип Андонов и член на Извршниот одбор на партијата.

ВМРО-ЗНАМ ја активираа последната фаза од својата кампања – фазата на репресија и политички прогон. На објавените скандал, пријави за криминал и корупција од СДСМ никој не реагира, а сега лесно и брзо носат пресуди, затоа што така им е наредено. Додека вистинските криминалци од власта на ВМРО и ЗНАМ се богатат преку криминални тендери, се обидуваат да ја запрат нашата борба со нарачани судски пресуди и политички прогон. Нема да ја запрат нашата борба. Нема да нѐ запрат ниту тие, ниту оние што одвнатре ја подриваат партијата. Никој! Сите ќе одговарате! Работата не е завршена, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?