СДСМ ги отфрли повиците за обединување од страна на премиерот Мицкоски

Од:

СДСМ ги отфрли повиците на премиерот Христијан Мицкоски по повод Денот на независноста. Според нив, протоколарните пораки за обединување „немаат никаква врска со реалноста која ни ја сервира ВМРО-ДПМНЕ и политиките кои ги практикува во овие два месеци“. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, претходно порачаа дека СДСМ треба да се исчисти од сопствените криминали и да се реформира, а потоа да прифати единство на најважните прашања за државата, односно се она што премиерот Христијан Мицкоски го понуди како платформа на обединување.

– Сите 10 точки од наводната платформа се чиста спротивност на намерите и политиките на партијата на власт. Така што оваа платформа треба да се чита спротивно на тоа што е кажана. Повиците за декриминализација на опозицијата се очаен обид да се покријат сопствените скандали во кои тоне Мицкоски. Освен партиската говорница за сеење лаги и измислени скандали против опозицијата, Мицкоски не успеа да докаже никаква криминализација. Но докажа дека тој ја криминализира, партизира и злоупотребува државата секој ден, стои во соопштението на СДСМ.

Оттаму додаваат дека додека Мицкоски вели дека дека “морала да се прекине партизацијата во општеството, тој и ВМРО-ДПМНЕ спроведуваат груба партизација на државниот апарат, и се казнуваат и шиканираат сите кои не се подредени зад политиките на ВМРО-ДПМНЕ“.

-Се етикетираат поединци и групи кои различно мислат или бараат нешто што ВМРО-ДПМНЕ не сака да го даде. ВМРО-ДПМНЕ спроведува партизирање на секое општествено ниво, дури за болни теми како што се лични образовни асистенти. Наутро Мицкоски вели дека мора да се стави крај на етничките теми и поларизација, а попладне ВМРО-ДПМНЕ подгрева етнички тензии, креира заговори за дестабилизација, создава слика за меѓуетничка нестабилност. ВМРО-ДПМНЕ, за жал, не знае да опстои како партија ако главната порака не им е токму етничка тема или конфликт. Всушност етничките теми се основната политика на ВМРО-ДПМНЕ и го замолуваме Мицкоски да не ја навредува интелегенцијата на граѓаните, стои во соопштението.

Мицкоски, додаваат од СДСМ, вели дека сакал да воспостави правна држава, но очигледно таа треба да важи за сите други, освен за него и сопартијците. Мицкоски и неговите партнери треба да може грубо да ги кршат законите за кои нема одговорност, но да има правна држава.

-Мицкоски вели дека немало друга алтернатива на ЕУ, додека прави се во спротивна насока од интеграцијата. ВМРО-ДПМНЕ нема никаков интерес да ги продолжи ЕУ преговорите и ова го докажаа за само два месеци. Немаат ниту план, ниту стратегија и единствено што ќе прават е одложување додека можат, префрлање на одговорност кај други и отворање нови конфликти. За жал, со тоа ќе губат само граѓаните. За крај, Мицкоски секако мораше да покаже и конструктивност, па ја повика опозицијата да се приклучи, а не кажа за што. Шупливите пораки со кои сака да глуми конструктивност се веќе прочитани. ВМРО-ДПМНЕ нема ниту план, ниту конкретен предлог за обединување, тоа единствено им е потребно на говорниците. Националното единство му е напишано во секој говор за да го прикрива семето на поделбите и омразата кое го сее, стои во соопштението.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, додаваат, е државничка партија, не е и нема да биде деструктивна опозиција како што беше ВМРО-ДПМНЕ.

-Ние нема да блокираме мерки и закони во Собранието ако се добри за граѓаните, нема да го блокираме европскиот пат на државата, нема да подгреваме меѓуетнички тензии и поделби. Време е ВМРО-ДПМНЕ да созрее и го прифати овој начин на водење политика, па тогаш ќе имаме можност за национално единство и политички консензус. Но, за тоа е потребно лидерство, одговорност и подготвеност да се стави националниот интерес над партискиот. СДСМ докажа дека тоа може да го направи, но ВМРО-ДПМНЕ тоа допрва треба да го научи, стои во соопштението.

Оттаму додаваат дека градење на државно единство за најважните области и клучни прашања е нормално за демократските земји, но тоа е возможно само доколку искрено се пристапува, без било какви калкулации и само ако политичките партии го стават интересот на државата и граѓаните на прво место.

-Да разговараме и за утврдување принципи за подобрување на состојбите во здравството, за положбата на работниците, за младите. Национален консензус за главните прашања сметаме дека е потребен. И во минатото СДСМ повеќепати ја повикуваше тогашната опозицијата за најважните прашања да застанеме заедно. СДСМ е и ќе остане силен критичар на власта и силно ќе се спротивставува на погрешните политики. СДСМ останува поддржувач на процесите за европската иднина на земјата, на решенијата за подобар живот на граѓаните, за силна економија, социјална правда, рамноправност, право и правна држава, велат од СДСМ.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ претходно порачаа дека СДСМ треба да се исчисти од сопствените криминали и да се реформира, а потоа да прифати единство на најважните прашања за државата, односно се она што премиерот Христијан Мицкоски го понуди како платформа на обединување.

Вчера, од централната свеченост од одбележувањето на Денот на независноста – 8 Септември, премиерот Мицкоски соопшти десет принципи околу кои, како што рече, треба да се создаде заедништво и сплотеност на сите фактори во општеството.

Како прв принцип, Мицкоски ја наведе неопходноста од воспоставување на правна држава. Порача дека мора да се прекине со партизацијата на општеството, како и ограда од етничките конфликти. Економијата, подобрувањето на стандардот на граѓаните, праведно општество, квалитетно образование беа другите принципи кои ги истакна премиерот. Натаму, како принцип го наведе исполнувањето на стратешката цел – членството во Европската Унија. Во врска со ова, тој рече дека е подготвен да разговара за секое прашање, но не е спремен за секоја отстапка по секоја цена.

Единството, борбата против иселувањето и вербата во идеолошките битки, тој ги истакна како останати принципи околу кои треба да се постигне единство. Во својот говор тој упати и порака до опозицијата, за која рече дека тоне во тотална безидејност и целосна неконструктивост и ја повика да престане со деструктивните игри кои ја ставаат државата во опасност.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ристовска треба да поднесе оставка, одлуката за Христовски ја поткопува довербата во ДКСК

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби и ДУИ, СДС само молчеле на криминалот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се прочитани и никој не им верува

(ВИДЕО) Костова: Мицкоски и ДПМНЕ спроведуваат политики за елитата, а работниците ги третираат како евтина работа сила

Од моментот кога Мицкоски ја презеде власта, цените постојано да растат, велат од СДСМ

Горан Наумовски

СДСМ: Цели 20 дена Тошковски не знае каде е Груби, дебакл на ВМРО-ДПМНЕ