СДСМ: Ги нема електричните автобуси на панаѓурот на ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски

Од:

За оваа една година локална власт на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните секојдневно гледаат кавги за провизии и тендери, масовна партизација и расипничко трошење на народните пари, но не видоа нови капитални проекте, решенија, ниту пак помош во време на криза.Ова се потврди и на панаѓурот во организација на ВМРО-ДПМНЕ каде градоначалниците наместо на граѓаните му реферираа на шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски велат од СДСМ.

– Најголем проект на локалната власт на шпицниот градоначалник Мицкоски е скандалот со тедерот вреден 136 милиони евра за пречистителна станица. Мицкоски претходно јавно соопошти дека лично тој во име на Град Скопје преговорал за набавка на нови електрични автобуси, па отиде чекор понатму најавуваше дури и фабрика. Денес автобусите и фабриката никаде ги нема, нема бесплатен превоз, но има заглавени и нефункционални јавни претпријатија, долгови и хаос. Ги нема ни помпезно најавуваните проекти во програмите на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, но затоа има неработење и расипничко трошење на народните пари. Со панаѓурот уште еднаш се потврди дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена и дека нивните градоначалници се најнеспособните градоначалници се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски