СДСМ Гази Баба: Новата Влада ќе обезбеди нови училишни објекти, ВМРО-ДПМНЕ не направи ништо за образованието во Гази Баба

Од:

„Новата реформска Влада ќе обезбеди современи програми и услови за образование на ученици и тој процес ќе се остварува заеднички со новите локални власти. Новата локална власт во Гази Баба предводена од СДСМ заедно со новата реформска Влада ќе ја реализираат градбата на објектот на ОУ Вера Јоциќ, но и на други училишни објекти во општината.

Денешното таканаречено започнување на изградба на нов објект во ОУ Вера Јоциќ, на една недела по истекување на мандатот на локалните власти, во придружба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и министерот за образование со истечен мандат, само докажува дека ВМРО-ДПМНЕ во сите години како локална власт и централна власт не направи ништо за образованието во Гази Баба.

Денешниот настан, не само што е противзаконски, туку во него граѓаните препознаваат лицемерие и фарса. Затоа, на наредните локални избори, граѓаните, исто како и на парламентарните избори ќе ги казнат промашените политики на ВМРО-ДПМНЕ и ќе гласаат за промени, за нова локална власт, за правда, еднаквост и живот за сите“ се вели во соопштението на СДСМ Гази Баба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО