СДСМ: Фрустрираниот Мицкоски е заглавен во груевистичката матрица на изолации

Од:

Граѓаните многу добро се сеќаваат на темните 11 години за време на владеењето на ВМРО- ДПМНЕ кога државата беше заробена, изолирана без никаква европска иднина. Тогаш се мислеше само на криминалите со кои ВМРО-ДПМНЕ се богатееше, а граѓаните осиромашуваа, реагира СДСМ на прес-конференијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

„Од заробена држава, Северна Македонија денеска е светол пример.

Еве го успехот на Зоран Заев, неговите телефонски разговори и средби со светски државници: Досега 20 земји челнки од вкупно 29 го ратификуваа Протоколот и дадоа зелено светло за пристапување на нашата земја во најмоќниот безбедносен сојуз на светот НАТО. Стануваме 30 земја членка на НАТО.
 
Имаме најпозитивен Извештај од ЕК и чиста препорака, до крајот на годината очекуваме почеток на преговори за членство во ЕУ. 

Фрустрираниот Мицкоски е заглавен во груевистичката матрица на изолации, Зоран Заев за само 2 години ја извади држвата на вистински пат.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски