СДСМ: Фридом Хаус го пукна „надуваниот балон“ на Никола Груевски

Од:

Извештајот на меѓународната организација Фридом Хаус го пукна „надуваниот балон“ на Никола Груевски. Директни критики за Македонија има во областите медиуми, корупција и за одржаните избори. Фридом Хаус во Извештајот „Нации во транзиција“ прецизно го констатира тоа на што укажуваат и други меѓународни организации, дека е распространета корупцијата во Македонија, медиумите се под контрола на власта, длабока е партизацијата на граѓанскиот сектор, со што Груевски ја сместил Македонија во групата земји со хибриден режим, се вели во писмената реакција на СДСМ по извештајот на меѓународната организација.

„Во низата докази за ограничување на независното новинарство, Фридом Хаус го нотира апсењето и судската пресуда против Томислав Кежаровски, кој, како што е наведено, пред да биде уапсен, ја истражувал „сомнителната смрт на Никола Младенов“, сопственикот на критичкиот весник Фокус, како и донесениот закон за медиуми, којшто и овозможил на власта да создаде регулаторно тело под нејзина контрола. Организацијата посочува и на корупција во Македонија. Недовршениот проект „Скопје 2014“, Фридом Хаус го поврзува со „можна корупција“, а ги анализира и одржаните избори во Македонија, за коишто заклучува дека „најверојатно ќе предизвикаат деструктивна партиска поларизација“. Извештајот на Фридом Хаус, само ги потврдува штетните и коруптивни политики на Никола Груевски, со коишто тој ја уназади Македонија за цела деценија, загрозувајќи ги ЕУ и НАТО интеграциите на земјата“, нагласуваат од најголемата опозициска партија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“