СДСМ: Фотографиите од дотрајаните бараки, ВМРО-ДПМНЕ да му ги испрати на Груевски

Од:

„Дури и самата ВМРО-ДПМНЕ денеска најдиректно ја потврди катастрофалната состојба во којашто 10 години се наоѓаат просториите во коишто учат и работат студетните.

Фотографиите од дотрајаните бараки коишто ВМРО-ДПМНЕ ги испратила до медиумите се уште еден доказ дека Никола Груевски 10 години целосно ги заборави студентите.

Наместо до медиумите, ВМРО-ДПМНЕ треба овие фотографии да му ги испрати на Никола Груевски и да му каже дека поторши 630 милиони за споменици а студетните учат и работат во катастрофални услови после 10 години негово владеење.

10 години Никола Груевски мислеше само на провизиите, плацевите на Водно, мерцедесот од 600 000 евра, очилата од 60 илјади долари, тендерите за фамилијата, кумот Ставрески и братучедот Мијалков….

Цели 10 години, премиерот во заминување, Никола Груевски не изгради ниту еден студетски дом.

Решенијата за подобар студетски стандард и подобри услови за студирање доаѓаат по промените на 24-ти април и победата на СДСМ.
Затоа студентите имаат идеја: збогум Никола“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите