СДСМ форимираше Партиска организација во Гетеборг

Од:

Делегацијата на СДСМ, којашто е во Шведска, во состав на Дамјан Манчевски,  потпретседател на СДСМ и Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на партијата вчера попладне се сретна со раководствата на Сојузот на македонски друштва во Шведска и на Македонското друштво Гоце Делчев, во просториите на друштвото во Гетеборг.

svedskaSDSM (3)

На состанокот се разговараше за состојбите во Македонија, начинот на којшто се спроведуваат македонските избори во Шведска, како и за зајакнување на врските на СДСМ со дијаспората од Македонија во оваа земја.

svedskaSDSM (4)

По состанокот се одржа основачки состанок на Партиската организација на СДСМ од дијаспората во Гетеборг. За претседател на организацијата од Гетеборг е избран Вујадин Козомора, социјалдемократски активист во Шведска, иселеник, по потекло од Охрид.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага