СДСМ: Фактите ја принудија ВМРО-ДПМНЕ да го признае скандалот со Злетовица

Од:

Фактите ја принудија ВМРО-ДПМНЕ да го признае скандалот дека при пуштањето во употреба на филтер станицата не протекла пречистена вода од хидросистемот Злетовица. ВМРО-ДПМНЕ потврди дека се правеле некакви испитувања и дека граѓаните на Штип се уште се снабдуваат со бунарска водата. Оправдувањата за некакви фази пред конечно пуштање на пречистената водата од хидросистемот, се всушност нова фаза од бројните манипулации на власта на Никола Груевски, велат од СДСМ во писмена реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за пресот на Владимир Милошев.

Ако системот Злетовица не е подготвен за тоа и потребни се дополнителни испитувања, зошто се брзаше со негово пуштање?

Зошто власта ги излажа граѓаните?

Дали затоа што за изградбата на хидросистемот Злетовица се потрошени пари не само од словенечката донација туку и 100 милиони долари кредит од Јапонската инвестициска банка?

СДСМ уште еднаш ги повикува надлежните институции да го испитаат случајот Злетовица. Здравјето на граѓаните не смее да биде доведено во прашање, стои во реакцијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски