СДСМ: Фактите ги демантираат лажните инфомации и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ,

Од:

Фактите ги демантираат лажните инфомации и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ, грижата кон земјоделците продолжува. Официјалните податоци ги демантираат лагите и лажната загриженост на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која со години ги понижуваше и уценуваше земјоделците, смета СДСМ.

“Во 2016 година откупната цена на пролетната зелка беше 25,4 денари за килограм а оваа година, во ека на откуп изнесува 49 денари, а откупот е речиси комплетно завршен без никакви проблеми.

Откупот на оризот од реколтата 2018-та е комплетно завршен и според податоците од регистарот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, откупени се 10.000 тони оризова арпа и 7.000 тони бел ориз. Конкретно, крупниот бел ориз се откупувал по цена од 45 до 50 денари за килограм , за разлика од реколтата 2017 –та кога откупната цена беше од 35 до 37 денари.

Со цел да се покријат загубите што ги имаа производителите на јаболка, се воведе интервентна мерка од 3 денари за предадено индустриско јаболко. Сите барања на производителите на јаболка се прифатени и се исплатени 5,5 милиони евра  субвенции за одржување на овошни
насади, меѓу кои и за јаболка.

Владата предводена од СДСМ успеа да реши долгогодишен проблем на лозарите, за којшто ВМРО-ДПМНЕ не покажа ниту доблест да го реши . Се исплатија 77 милиони денари на 2.048лозари по основ на долгот што винарските визби го имаат кон лозарите за предаденото грозје во периодот од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година. Иствремено, исплатени се субвенциите за основната мерка за одржување на лозови насади.  9 милиони евра завршија кај 15.208 лозари.

Ова се дел од фактите што ја докажуваат грижата за земјоделците и ги побиваат лагите на лицемерното ВМРО-ДПМНЕ.”, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати