СДСМ: ЕУ и НАТО не се лажна надеж како што тврди Мицкоски

Од:

„Повикуваме на сериозност, за иднината се работи, ЕУ и НАТО не се лажна надеж како што тврди Мицкоски, туку стратешки интерес и носат придобивки за сите наши граѓани

Христијан Мицкоски денеска испушти уште една шанса да се приклучи кон мнозинството граѓани и да повика на излезност на референдумот ЗА македонска иднина, да се определи јасно за членство во ЕУ и НАТО со заштитен македонски идентитет.

Без да се навлегува во прашањето дали Мицкоски воопшто се доживува себе си за лидер или не, кога вели не може да им каже на своите членови став за референдумот, повикуваме уште еднаш, сите да се обединат за клучното прашање за иднината на државата и да се приклучат.

Членството во ЕУ и НАТО не е „лажна надеж“ како што денеска несмасно рече Мицкоски.

Станува збор за иднината на државата, за иднината сите наши деца, на сите наши граѓани и повикуваме на сериозност во овие историски моменти.

Членството во НАТО и ЕУ е врвен државен и национален интерес на многу генерации, поставен уште од денот на осамостојувањето на Македонија. Клучен процес во градењето на држава којашто функционира по европски правила и општество втемелено на европски вредности.

Држава во која политичка партија нема да ги уценува процесите со барање амнестија за криминалци, држава во која лидер на партија нема одредени новинари да ги нарекува платеници.

Наместо Македонија да ја гледа изолирана како „остров“, како што самиот вели, Мицкоски треба да ја гледа како океан од можности, интегрирана со демократскиот свет, напредна, просперитетна, сигурна и стабилна.

Време е ВМРО-ДПМНЕ да се ослободи од темното минато, да не биде заглавена во криминалната матрица на Никола Груевски и претходното раководство на партијата.

Цела Македонија се обедини за влез во ЕУ и НАТО.

Добро е и за ВМРО-ДПМНЕ, за нејзините членови и за самиот Мицкоки што поскоро да се одважат и да повикаат на референдумот да се излезе, да повикаат ЗА влез во ЕУ и НАТО со заштитен македонски идентитет“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници