(СДСМ) Експерти за кризи: Тодоров по Груевски

Од:

„Експертот за кризи Никола Груевски го постави својот заменик за кризи Никола Тодоров сега да ја менаџира бегалската криза.

Одговорниот за кризата во здравството Никола Тодоров почна да бега од самиот себе, а Груевски му помага во тоа.

Тодоров деновиве зборува за се, само не за катастрофата што ја направи во здравството.

Од тендерските политки на Тодоров и Груевски во Македонија во 21 век умираат три пати повеќе новороденчиња од просекот на земјите од Балканот и ЕУ!

Умираат пациенти, се пука во лекари, болниците се руина, апаратите се или расипани или во кутии.

Тодроров и Груевски знаат дека не постои оправдување за колапсот во којшто го доведоа здравствениот систем.

Овие двајца, претходно на ист начин го колабираа и образовниот систем.

Сега двајцата се обидуваат да се извлечат со тоа што Никола Тодоров треба да биде новиот виртуелен експерт за бегалската криза.

Затоа од задолжувањата и невработувањата за кои зборуваше во Штип, министерот за здравство Тодоров вчера се префрли на јужната граница.

Никола Тодоров може да ја сврти целата граница, но нема каде да бега.

Граѓаните слушнаа за Тодров лично од Јанкулоска:

“Не можеш ти да држиш тема за реформи, а најголемиот проблем у државава е кај тебе…“.

Граѓаните на Македонија ги видоа виртуелните реформи на Тодоров и Груевски за кои ќе одговараат и имаат идеја: Збогум Никола“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?