СДСМ: Економските мерки на Груевски донесоа врвен бенефит само за фамилијата

Од:

„Обвинетот Никола Груевски со своите врвни криминални економски политики затвори 10.000 домашни фирми! Секоја трета домашна фирма е со блокирана сметка!

Македонија го допре дното во Европа и во регионот по странски директни инвестиции, по глава на жител!

Јавниот долг во Македонија е на историско ниво од 5.000.000.000 евра, што ќе го враќаат и нашите деца и нашите внуци.

Од економските мерки на обвинетиот Груевски бенефит има единствено тој, кој се распосла на милионски парцели на Водно, отвори за себе и за фамилијата рајски фирми, се вози со чудесни мерцедеси од 600.000 евра, со наочари од 60.000 евра, на сметка на 500.000 граѓани во Македонија кои ги донесе на живот под прагот на сиромаштија.

Затоа, во нашата земја не се намалува невработеноста туку се намалува бројот на луѓе. 626.312 илјади граѓани се иселиле од Македонија по егзистенција во странство!

Поради сето ова Груевски и неговата фамилија не смејат да ја водат повеќе државата. Лагите завршија“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он