СДСМ: Еколошкиот масакар на Водно е поврзан и со „Трансмет“ на Сеад Кочан?!

Од:

Дали еколошкиот масакар на дрвјата на падините на Водно е поврзан и со фирмата „Трансмет“ на Сеад Кочан, сопственикот на „Нова телевизија“?

Токму на овој дел од Долно Водно, три парцели со огромна површина од околу 10.000 метри квадратни се во сопственост на фирмата „Трансмет“.

Оваа фирма блиска до ВМРО-ДПМНЕ, се покажа дека е една од главните паравани преку коишто Груевски ги задоволува газдите на медиумите задолжени за пропаганда и медиумски хајки, скапо платени со пари на граѓаните.

Преку Министерството за земјоделство во „Трансмет“ на Кочан завршиле над 5 милиони евра, пари на граѓаните, од досега достапната документација.

Над 5 милиони евра, пари на граѓаните, преку Министерството за земјоделство за сопственикот на „Телевизија Нова“ за кого од Вистината на Македонија слушнавме како Груевски зборувајќи во шифри, и го нарекува „оној што има Сеат Ибица“.

Очигледно падините на Водно се омилени за криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Токму на овој дел од Долно Водно, плац од 2.000 метри квадрати има и министерот за одбрана Зоран Јолевски.

Надлежните институции, Град Скопје и општина Карпош имаат обврска да излезат и пред граѓаните да дадат одговори на прашањата:

Зошто се сече шумата од Долно Водно?

Дали еколошкиот масакар на дрвјата на Долно Водно е поради лични и бизнис интереси на лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ?

Кој ќе понесе одговорност?

За последниве 10 години, Скопје остана без половина градско зеленило, а само во последните две – три години исечени се низа на паркови и зелени површини.

Податоците покажуваат дека во Скопје, годишно има помеѓу 150 до 180 денови во коишто воздухот е загаден над дозволеното односно со високи концентрации на канцерогените ПМ 10 честички.

Како последици од канцерогените честички во загадениот воздух, според извештајот на Светска банка, во Македонија умираат 1.350 луѓе годишно. Што е катастрофа.

Криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ се на директна штета на граѓаните.

Бараме сечата на дрвјата на Водно да прекине и повиканите институции да излезат со одговори пред јавноста, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар