СДСМ: Екоавтобусите во Скопје се нов чекор за заштита на животната средина

Од:

Градските власти предводени од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов продолжуваат да работат во интерес на граѓаните и заштитата на животната средина во главниот град. Почетокот на процесот за набавка на нови четириесеттина еколошки автобуси на гас е нов чекор за намалување на загадувањето на воздухот, на животната средина, зголемување на ефикасноста и осовременување на градскиот превоз, соопшти СДСМ.

Според партијата, новите екоавтобуси ќе ги заменат старите дизел-автобуси, кои трошеа речиси двојно повеќе гориво, а најголемата предност е тоа што емитуваат значително помалку ЦО2 со што речиси воопшто не го загадуваат воздухот.

„Истовремено, со ова градските власти го решаваат и проблемот на високи трошоци за одржување на старите и расипливи автобуси на ЈСП, со оглед на тоа дека автобусите што беа набавени пред 7 години често се расипуваа, а голем дел од нив немаа овластен застапник за нивна сервисна и техничка поддршка. Во трансформацијата на јавниот превоз ќе бидат вклучени и приватните превозници, а предвидени се субвенции за набавка на нови еколошки автобуси, како и за адаптација на истите на еколошки гас, што е дополнителна мерка за намалување на загаденоста. Решавањето на проблемот со јавниот превоз и намалувањето на загаденоста е еден од приоритетите на градоначалникот на Скопје, но и на СДСМ како политичка опција“, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?