СДСМ: Едногласна поддршка од ЦО за кадровските решенија за министри и заменици министри

Од:

СДСМ вечерва соопшти дека Централниот одбор (ЦО) на партијата едногласно ги поддржал претседателот Зоран Заев и раководството на партијата за водењето на преговарачки процес за реализација на Договорот од 2 јуни /15 јули.

Централниот одбор на СДСМ едногласно ги поддржа сите номинации за министри и заменици министри: Оливер Спасовски за министер за внатрешни работи, Фросина Ременски за министерка за труд и социјална политика, Александар Кирацовски за заменик министер за информатичко општество и администрација, Кире Наумов за заменик министер за финансии и Љупчо Николовски за заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, се наведува во соопштението.

– Јасно е за сите, влегуваме во владата исклучиво како коректив на власта, со цел да обезбедиме гаранции за фер и демократски избори во интерес на граѓаните и на Република Македонија, рекол Заев на состанокот.

Седницата на ЦО, како што се наведува, поминала во исклучително позитивна атмосфера.
ЦО на партијата вечерва го избрал Дамјан Манчевски за шеф на Изборниот штаб на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски