СДСМ: Едно е јасно по 82 дена од мандатот на Арсовска, таа е најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје

Од:

„Градоначалничката на Град Скопје не реализираше ниту еден свој проект во првите 82 дена од мандатот. Учинокот на Арсовска се состои од нивелација на една шахта и поставување мобилни тоалети“, соопшти СДСМ.

„Ама затоа Арсовска овие неполни три месеци ги искористи максимално да ја партизира градската администрација и да вработи 109 партиски кадри од ВМРО-ДПМНЕ и на директорски позиции во Јавни установи и претпријатија да постави партиски функционери од ВМР0-ДПМНЕ.

Арсовска не само што не воведе бесплатен јавен превоз како што лажно ветуше во нејзината предизборна кампања, туку воведе нов билет од 120 денари во ЈСП, а го прекина и проектот Бас рапид транзит за кој беа обезбедени пари од Европската банка за обнова и развој.

Арсовска бессрамно се прогласи за ненадлежна и ги игнорираше проблемите на граѓаните додека скопјани мака мачеа со кризата за топлинска енергија.

Единственото нешто што го сведочеа граѓаните овие неполни три месеци од мандатот на Арсовска е партизација на Градот, прекинување на проекти и изземање од одговорност за своите надлежности,

На сите им стана јасно по првите 82 дена од мандатот дека Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Скопје“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби