СДСМ: Отворени врати во системот на Груевски има само за криминалот и корупцијата во врвот на власта

Од:

„Поради „системот“ на Никола Груевски од Македонија си заминале над 600 илјади граѓани, најголем број млади, според податоците на Светска банка.

„Системот“ на Никола Груевски донесе голем економски пад, сиромаштија, блокирани фирми, нееднаквост, партизирани институции, нефункционален здравствен систем, недемократски амбиент, задушени слободи и права на граѓаните…

Секоја трета фирма во Македонија е со блокирана сметка. Тоа се над 21.000 домашни фирми коишто поради „системот„ на Груевски не можат да работат.

Токму „системот„ на Никола Груевски ја доведе Македонија во сериозна политичка и државна криза и се заканува да ја загрози европската перспектива на земјава.

Единствени „отворени врати“ во „системот„ на Никола Груевски има за криминалот и корупцијата во врвот на власта, којшто со години цвета а партизираните институции воопшто не постапуваат.

Хибриден режим е најдобра дефиниција за „системот“ на Груевски кој ја уназади Република Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?