СДСМ: Единствената цел на губитникот Мицкоски е да ја закочи државата, да го закочи напредокот но и овојпат нема да успее

Од:

„Губитникот Христијан Мицкоски е осамен и изолиран во сопствената хистерија, во сопствениот очај, со најава за некакви блокади на институциите покажува дека единствената битка што ја води е како да си ја сочува партиската фотелја, а не како да и помогне на државата.

Единствената цел на ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Мицкоски, да ја закочи државата, да го закочи напредокот, членството во ЕУ.

Тоа се гледа на секој негов таканаречен протест, каде се појавуваат се помалку граѓани“, велат СДСМ.

„Пред нив, Мицкоски го навреди целиот македонскиот народ е хистеричен.

Но, граѓаните воопшто не се хистерични. Одамна го препознаа лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ и три пати по ред ги поразија поради антидржавно и антиевропско дејствување кое е на штета на државните и националните интереси.

Граѓаните застанаа зад СДСМ, избраа европска иднина, избраа да носат храбри одлуки, кои конечно ја движат македонската држава и целиот македонски народ кон исполнување на стратешките цели, со зачуван македонски идентитет“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски нема ништо државничко, „Талог“ е кампања по моделот на Ванчо Михајлов

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?